Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување исправа“ секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против 32- годишен охриѓанец.

На 11-ти овој месец, при контрола на патниот сообраќај, пријавениот е затекнат при управување на патничко моторно возило марка „Ауди-80“ со лажни регистарски таблици.  При извршена акциска контрола, полициските службеници утврдиле дека регистарските таблички поставени на возилото припаѓаат на друго патничко возило, марка „Застава-900“ кое било во сопственост на физичко лице од Охрид. При извршен преглед во внатрешноста на возилото пронајдени биле уште три регистарски таблици, една со македонски и две со германски  ознаки.

Пријавениот таблиците неовластено ги одзел од отпад во Охрид, без одобрение од сопственикот.

СВР Охрид, го одзеде моторното возило и регистарските таблички по што ќе биде извршено вештачење на броевите од шасијата.

OhridNews