Во Охрид ќе се пошумува во месноста „ Лакочереј “ и кај „Краста Белчишта“. За таа цел од страна на организаторите на акцијата, се ангажирани 12 автобуси, за бесплатен превоз до локациите на пошумување, кои започнувајќи од 9 часот наутро, ќе ротираат на секој два часа. Почетна и завршна станица на автобусите се ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, ОУТУ „Ванчо Питошески“ и општинската гимназија „Св. Климент Охридски“.
Со одлука на Владата на Република Македонија, поради организираните акции за пошумување, денес е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министертвото за труд и социјална политика соопшти дека овој ден ќе се одработи на 17 април, сабота.
Во рамки на последната акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ која се одржа на 13 ноември 2009 година, охриѓани засадија околу 100.000 садници јасен на површина од околу 50 хектари. Тогаш се пошумуваше на просторот на „Мазатар“, на месноста „Мауцкер“, на падините во правец на „Буково“ и во реонот на Белчишта кај месноста „Долна краста“.