Дводневна работилница од денес се одржува во Охрид во насока на креирање локална програма за заштита на потрошувачите.

Татјана Тасевска правен советник во Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) вели дека целта е на работилницата најпрво на членовите на неодамна формираниот Советот на потрошувачи, но и на претставници на инспекциски служби, јавни претпријатија да им се презентира што значи заштитата на потрошувачите и преку практичен дел да се креира програма за заштита на потрошувачи на Општина Охрид со цел да биде имплементирана во рамките на Советот на потрошувачи.

Во рамките на прогамата треба да влезат активности кои се овде актуелни, но би требало да влезат и сегменти од одржлива потрошувачка, од родова перспектива, енергетска ефикасност, подобрување на работата на јавните претпријатија доколку има недостатоци во нивното функционирање и колку потрошувачите се задоволни од нивната работа можеби бучавата во летниот период, функционирањето на колекторот се она што ги засега охриѓани, но и туристите кои во текот на целата година претстојуваат тука во делот на хигиената собирање отпад, кабастиот отпад, места каде може да се депонира градежен шут… за да имаме почист и поатрактивен град за туристите, вели Тасевска.

Претседателот на ОПМ Охрид и на Совет на потрошувачи во Охрид, Вангел Спироски истакна дека овие два дена со релевантни чинители ќе ги разгледаат проблемите со кои се соочуваат потрошувачите на Општина Охрид,

Ќе бидат разменети искуства и идеи да ја креираме програмата за заштита на потрошување на Советот на потрошувачи на Општина Охрид. Идејата за формирање на советот е да се подигне заштитата на потрошувачите на повисок степен на локално ниво. Имаме поддршка од Советот на потрошувачи на Влада, целата е да се разменат искуства да ја видиме нивната програма, да дадат идеи за нашата програма и да ја креираме Програмата за заштита на потрошување на Советот на потрошувачи на Општина Охрид. истакна Спироски.

Во рамките на ОПМ и организациите во Охрид, Штип, Битола, Тетово и Кочани на годишно ниво има околу 5.000 поплаки од потрошувачи. Тоа на некој начин можеби значи дека има повеќе проблеми, но и дека свеста на потрошувачите се зголемува па имаат сознанија како и на кој начин да си ги остварат нивните права.

Поплаките најчесто се во делот на гаранции и гарантниот лист, функционирањето на јавните претпријатија, короната донесе многу повеќе онлајн купување и онлајн настани, проблемите кои произлегуваат со тоа онлајн купување начинот на кој се купува, купувањето од социјалните мрежи од нелегални продавници каде реално нема многу можност да си ги остварите вашите права се некој сегмент кој изминатите години беше по истакнат. Секако имаме и други проблеми во делот на финансиските услуги банкарството, проблемите со кредити, вели Тасевска.

Потенцираат дека доколку граѓаните незнаат самите како да си помогнат, а имаат одреден проблем можат да се јават во ОПМ или во организацијата во Охрид, за да се насочат каде треба да се обратат, која инспекциска служба е надлежна за да може успешно да биде решен нивниот проблем.

Дводневната работилница е во рамки на проектот „Потрошувачите за одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“, финансиран од Европската Унија.

Н.С.Ј.