Големи количини најразличен цврст отпад го загадуваат обновеното живеалиште на жолтиот локвањ во областа Мазија на кејот од Охридското Езеро.

Ова посетено место каде секојдневно поминуваат туристи, наместо да ја разубавува, ја нагрдува околината, за што говорат фотографиите кои викендов ги направи нашиот читател Георги.

За жал ваквата слика не е единствена на крајбрежјето што ја наметнува потребата од поголема заштита на животната средина и подигање на еколошката свест на населението, која се’ уште е на ниско ниво.

OhridNews