Како последица на зимските температури постои можност за разни дефекти на водомерите предизвикани од мрзнење, затоа е потребно истите да се заштитат, советуваат од МЈП Проаква.

– Посебно ги известуваме сите наши корисници кои се сопственици на викенд куќи, а не живеат постојано во нив да ја испуштат водата од главниот шибер за да не замрзне водата со што би се спречило пукање на цевки и слични дефекти, велат од ова јавно претпријатие.
 
Водомерот може да се заштити од мрзнење со обвивање на водомерот со изолационен покров, покривање на шахтата со изолационен материјал(тервол, стиропор) .

Се известуваат корисниците и дека за пукнато стакло на водомер се наплаќа 600 ден.

OhridNews