
Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Турција ги затворила граничните премини со Бугарија. Претходно, бугарските власти ги зајакнаа патролите на границата со Турција и апелираа до своите граѓани да не патуваат за Турција.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов одржа состанок со безбедносните и разузнавачките агенции.
Во Грција армијата е во состојба на борбена готовност, а српскиот премиер Александар Вучиќ закажа состанок на кој се разгледуваат мерки за заштита на граѓаните
И други држави од поблиското и подалечното опкружување преземаат слични мерки. Грузија и Иран ги затворија границите со Турција.
OhridNews
Извор:„МИА“











