Мобилни царински тимови при Секторот за контрола и истраги спроведуваат засилени патролни контроли на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, информираат од Царинската управа.

Ги следиме сите сомнителни активности и каде што постои сомневање вршиме контрола се со цел навремена детекција и спречување на секој обид за криминал, вели помошник директорот за контрола и истраги Влатко Лакордов, посочувајќи дека безбедноста е приоритет.
OhridNews











