Од општинскиот Пазарен инспекторат информираат дека во наредниот период ќе следат засилени контроли и ќе се изречуваат глоби за угостителските објекти во кои не се почитува законот за заштита од пушење.
– Измените од законот стапија на сила на 29-ти март. До 25-ти март инспекторите за утврдените пропусти вршеа само опомени и известуваа. Сега, откако измените стапија во сила, ќе следуваат санкции за сите оние кои не ги почитуваат законските одредби, вели Цветко Ристески од охридското одделение на Државниот пазарен инспекторат.
Според измените, пушењето е дозволено на терасите без разлика дали се затворени или отворени, но основниот угостителски објект од просторот во кој се пуши, мора да биде одвоен.
За непочитувањето на законот глобата е од 1200 до 1500 евра. Но, постојат критериуми според кои се врши одредувањето на висината на глобата, меѓу кои се и остварениот приход во претходната година и дисциплината на субјектот.
Т.К.












