Засилени контроли на катастарот- одземена лиценца за работа на геодетска фирма од Охрид
19.10.11 16:20
Секторот за внатрешна контрола при Агенцијата за катастар на недвижности утврдил низа неправилности во спроведувањето на законската регулатива од одредени вработени во катастарските одделенија, но и од овластени приватни геодетски фирми.
Поради повреди на постапките и прекршување на Законот за катастар на недвижности, на тројца вработени им е изречен прекин на договорот за вработување, а на триесет вработени од одделенијата во Тетово, Гостивар, Велес, Скопје и Свети Николе им се изречени дисциплински санкции. Воедно против осум лица од кои пет од Одделението за катастар на недвижности во Велес поради основано сомневање дека грубо го повредиле законот во тек се дисциплински постапки, по кои ќе им бидат изречени најстроги санкции предвидени со Законот за работни односи, соопшти денеска Агенцијата за катастар на недвижности.
Интензивирана е и контролата на приватните геодетски фирми, по што е одземено овластувањето за работа на еден овластен геодет, како и лиценците за работа на три приватни геодетски фирми, две од Скопје и една од Охрид. Против други две фирми, од Скопје и од Тетово, во тек е постапка за утврдување одговорност и санкционирање на сторените повреди во работењето. За сторени полесни повреди во работењето на две фирми од Струга, една од Гостивар и две од Скопје, им се доставени писмени опомени и задолженија за отстранување на неправилностите.
Агенцијата за катастар на недвижности ги повикува граѓаните да пријават неправилност при работата на бесплатниот телефон 0800 80800.
Духовниот проект „Разговори со млади“, предводен од отец Љупчо Бакрачески, продолжува со нова сезона 2026/27 Првата средба ќе се одржи во сабота, 10 октомври, во храмот „Успение на Пресвета Богород...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на на...
Во првите девет месеци од 2026 година, двата македонски аеродрома со кои управува ТАВ Македонија, Меѓународниот Aеродром Скопје и Aеродромот Св Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 3,3 милиони пат...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.