Засилени контроли за нелегален риболов- викендов фатени две лица
16.07.12 09:25
Во раните утрински часови, на 14- ти јули, во заедничка и координирана контрола координирана помеѓу Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид и официјални претставници на концесионерот З.Р.Л.К ЛОВЏИЈА од Струга, (концесионер за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир ЦРН ДРИМ бр. 2), во водите на река Црн Дрим затекнати се две лица како вршат недозволен риболов (лов на пастрмка) со недозволен риболовен алат (со преградување со сакови).
Против сторителите кои се затекнати на лице место ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од Државниот инспекторат за земјоделство.
Оттаму додаваат дека заедничките контроли на инспекторатот за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид и концесионерот З.Р.Л.К ЛОВЏИЈА од Струга ќе се интензивираат во наредниот период.
Композиции од големиот литвански композитор Микалојус Константинас Чиурлионис вчеравечер одекнуваа под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ во рамки на Литванската вечер на „Охридско лето“...
Во Струга во септември ќе почне со работа првиот Центар за аутизам Во оваа насока во просториите на Општина Струга беше потпишан договор за соработка помеѓу Општина Струга и Здружението за поддршка...
Секторот за внатрешни работи Охрид ја реализираше превентивната кампања „Соседска патрола“ Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, родители, претставници од...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.