Четиринаесет возачи и исто толку пешаци се казнети изминатото деноноќие во Охрид при извршените засилени сообраќајни контроли во периодот од 22.00 до 03.00 часот.
Притоа, затекнати и санкционирани се 27 возачи на моторни возила на подрачјето кое го покрива СВР Охрид кои, во и надвор од населени места, ја надминале дозволената брзина на движење. Од нив 14 во Охрид, 8 во Струга, 2 во Кичево и 3 во Дебар, велат од МВР.
Додаваат дека полициските службеници санкционирале и 33 пешаци кои преминале коловоз надвор од обележан пешачки премин од нив 14 во Охрид, 9 во Струга, 7 во Кичево и 3 во Дебар.
OhridNews