Секторот за внатрешни работи од Охрид во соработка со општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, денес, на симболичен начин со подарување на новогодишни лампиони и миризливи стикери со испишани порака за безбедно учество во сообраќајот, на охриѓани и на туристите кои во Охрид ги слават празниците, им ја честита Новата 2018 година.

– На овој начин, на сите граѓани им посакавме здравје, лична среќа, деловен успех и се најдобро во годината што следува. Воедно, потсетуваме дека во текот на новогодишната ноќ, полициски службеници ќе бидат поставени на градскиот плоштад и приградските населени места, а сообраќајната полиција, врши контрола на сообраќајот на целото подрачје. Целта е да се зголеми степенот на безбедност во градот а граѓаните и туриститете да се чуствуваат безбедно и сигурно во Охрид. Истовремено, укажуваме на неопходноста од воздржување на употреба на петарди и други нелегални пиротехнички средства за време на новогодишната прослава, потенцира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од СВР Охрид со апел до сите возачи да не управуваат моторни возила под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

OhridNews