По серијата иициденти кои ги подигнаа тензиите во струшко, Министерството за внатрешни работи распореди дополнителни сили во крритичните реони. Забележително е присуство на полициски сили пред влезовите на селата, а будно се чуваат и верските објекти кои изминатите денови беа мета на вандали.

Министерската за внатрешни работи Гордана Јанкуловкса, вчера, изјави дека полицијата ги презема сите неопходни мерки и активности за расчистување на инцидентите кои се случија изминативе денови во струшко и откривање на лицата кои стојат зад нив, нивно лоцирање и изведување пред надлежниот суд.

-Во врска со опожарувањето на помошните простории во црквата „Свети Никола“ во село Лабуништа, екипи на министерството извршија увид на лице емсто и подигнаа предмети, од интерес на натамошната постапка, кои се предадени за натамошно вештачење, рече Јанкуловска..

Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните од Струга и околината да не подлегнуваат на провокациите и јасно да покажат дека иднината е во меѓуетничкото и меѓурелигиското почитување.

OhridNews