Изненадувачкиот пораз од Ангола, го усложна нашиот пат до Лондон. На европскиот шампионат ваквите трилер мечеви во најголем дел завршуваа во наша полза, што синоќа не беше случај. Македонските кошаркарки потфрлија во повеќе параметри.


Првенствено шутот за три поени. “Црвено-жолтите“ пуцаа 10/35 или имаа само 28,6 %  реализација. Меккејлеб имаше 2/5,  Илиевски 2/7, В.Стојановски 2/7, Д.Стојаноски 2/4, Симоноски 0/1, Гечевски 0/3 и Антиќ 2/8. Еден од овие 25 промашени удари да погодeвме мечот ќе влезеше во уште по неизвесен финиш.

Наспроти нас, Анголците имаа подобар процент 9/20 (45%) што беше еден од клучните фактори во нивниот триумф.

Непогодувавме и од линијата за слободни фрлања. Мечот го завршивме со процент на реализација 69 % (16/23). Меккејлеб 3/3, Илиевски 4/6, Антиќ 7/8, Чековски 0/2, Самарџиски 2/4. Нашиот противник беше и во оваа графа поуспешен, 85 % на реализација или 15/18.
Иако шутот не одеше, тогаш не се бараше решение ниту во играта под обрачите. И таму бевме во суфицит. Анголците остварија 33 скока ( 21 дефанзивни, 12 офанзивни) наспроти македонските 21 (12 дефанзивни, 9 офанзивни).

Имавме помалку загубени топки 8, наспроти нивните 12, и повеќе освоени топки 8 спрема 3, но тоа небеше доволно да се стартува со победа.

М.П.