Најмалку дваесет деца биле затруени со храна во детско одморалиште во Дојран, поради високите температури и брзото расипување на храната. Како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство во детско одморалиште во Дојран, со симптоми на труење како повраќање и дијареа, хоспитализирани се дваесетина деца на возраст од 7 до 14 год. Веднаш е направен инспекциси увид од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство во конкретното одморалиште. Кујната на летувалиштето е затворена и забранета за користење. Констатирани се повеќе недоследности, земени се брисеви и мостри од храна за понатамошна лабораториска анализа, наредени се мерки за дезинфекција и темелно чистење.

Агенцијата за храна и ветеринарство  повторно апелира и  упатува на тоа да се почитуваат препораките како да се ракува и консумира храната во летниот период и при екстремно високите температури.

OhridNews