Поради градежни активности за асфалтирање денеска, 11 јуни, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Даме Груев“ на потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со булевар „Туристичка“, информираат од Општина Охрид.
Се известуваат жителите кои што живеат во овој дел од градот и сите учесници во сообраќајот да не ја користат оваа улица, стои во соопштението.
OhridNews