Сите 73 гласачки места во општина Охрид во 19 часот се затворени, по што следува избирачките одбори и ОИК да ги сумираат резултатите од гласањето, информираат од Општинската изборна комисија.

Во Охрид право на глас имаа вкупно 50.686 граѓани, а според податоците од 17 часот, на гласање излегле 64,62% од евидентираните гласачи.

Граѓаните имаа можност да избираат градоначалник помеѓу пет кандидати, а членови  на советот од 13 предложени листи.

Локалните избори во општина Охрид поминаа мирно, без проблеми и без неправилности во текот на гласањето.

Доколку не биде избран градоначалник во првиот круг, ќе се одржи втор изборен круг по две недели.

OhridNews