Во 19 часот затворени се најголем дел oд гласачките места, каде денеска се одвиваше втор круг од локалните избори, освен на местата каде гласањето е пролонгирано за извесен период.
Втор круг од локалните избори се одржа и во Струга, каде до 17 часот излезноста изнесуваше 60%. Во Струга се гласаше на 78 избирачки места, а право на глас имаа 56.341 граѓанин. Тие избираа градоначалник помеѓу двајцата доктори, интернистот Зијадин Села – кандидат на ДПА и хирургот Владо Кочоски – заеднички кандидат на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Втор круг од локалните избори имаше и во општина Дебрца. Според информациитњ од ОИК, во Дебрца до 17 часот гласале 73,19% од гласачите, односно 3341 жител, што е за неколку проценти повеќе отколку во првиот круг.
Во трка за градоначалничката функција во Дебрца се актуелниот градоначалник Љупчо Којчиноски од Сојузот за иднината и Игор Трајкоски од коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Првите неофицијални резултати од локалните избори во Струга и Дебрца се очекуваат вечерва.