Од министерството за внатрешни работи информираат дека од денес, во 7 часот, српскиот граничен премин „Рибарци“, согласно насоките од Владата на Република Србија, а во врска со вирусот Ковид 19, е затворен за патници и возила. Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин „Голема Црцорија“–Голеш (кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица.

Од утрово е затворен и преминот Прохор Пчински. Сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце се пренасочуваат на Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево.

OhridNews