Вратите на спортската сала за охридскиот кошаркарски клуб  “Колибри“ на ден пред првенствениот натпревар против Кичево, останаа затворени.  Од клубот до нашата редакција го испратија следното соопштение.

– Жалосно е за спортот во градот, клубот кој бара од Градот и од спортската сала само еден единствен термин пред натпревар, поради адапатација, и распознавање на кошевите и тој термин да биде укинат. Кошарката е спорт во кој крајна цел е да се даде кош, не е исто да се тренира на кошевите во економското училиште и во салата каде треба да ја чуствуваме наша бидејки утре треба како домакини да пречекаме гостинска екипа. Нашиот клуб доби дозвола од Градоначалникот и локалната за користење на еден тренинг и одигрување на натпревари.Таа дозвола е донесена со одлука, која за жал веќе 10 дена чека на потпис на охридскиот  Градоначалник. Жалосно е на ваков начин да се санкционира спортот и да не им се даде можност на младите  деца, кои стигнале да ги бранат боите на овој град да им биде тоа забарането. Потребно е релевантните фактори на овој град и вклучувајќи го и директорот на спортскиот центар , да бидат горди на фудбалерите, ракометарите, кошаркарите, и да се трудат да им обезбедат што подобри услови за тренинг и натпревар, а не луѓето одговорни тоа да им го одземаат. До кога вака, сами против себе – се вели во соопштението на Управата на КК Колибри.

Ohridnews