36-годишен затвореник од Битола, утрово починал во келија во затворот во Струга. Информацијата ја потврди управата на струшкиот затвор, како и полицијата.
Врз телото на починатиот не биле забележани траги на насилство, а обдукцијата треба да ги утврди причините за смртта. Затвореникот бил регистриран наркозависник и се претпоставува дека починал од срцев удар.
Затвореникот пред една година од Идризово бил префрлен во затворот во Струга на доиздржување на казна затвор за сторено кривично дело.
OhridNews