Затворениот пливачки базен во Струга кој години наназад е нефункционален и надвор од употреба ќе се реконструира и повторно ќе му биде на располагање на пливачите, информира „Strugaonline.mk“.

Реконструкцијата на базенот ќе започне следната година после комплетирањето на потребните документи во соработка на Агенцијата за млади и спорт и Општинската организација на СДСМ и Општина Струга.

Во минатото затворениот базен во Струга за редовни тренинзи го користеа и охридските пливачи кои патуваат секој ден или на денот кога имаа тренинг.

OhridNews