Фудбалерот на Пари Сент Жермен, Серж Орие доби затворска казна од два месеци и парична санкција од 21 000 евра од францускиот суд.


Дефанзивецот во ПСЖ, обвинет беше за насилство врз служебно лице од француската полиција. Имено, бекот во алкохолизирана состојба во доцните часови вербално се зборови се пресметал со лице вработено во полиција.

23-годишниот фудбалер нема да ја одлежи казната во затвор туку ќе ја одработи во следнава година во општо корисна работа за државата.

Орие нема да ја обжали одлуката бидејќи со тимот се наоѓа во Бугарија каде што ќе се сретнат со Лудогорец во втората рунда од Лигата на Шампиони.

Фудбалерот, бурниот карактер го покажа на почетокот од минатата сезона, кога во разговор со навивачите го нападна тогашниот тренер, Лоран Блан и капитенот Златан Ибрахимовиќ по што следеше суспензија до јавно извинување.

OhridNews