Српското обвинителство покрена обвинение против шест хрватски навивачи кои го иницирале инцидентот и масовната тепачка на стадионот на Партизан за време на мечот помеѓу Партизан и Црвена Ѕвезда.
На пет од шесте навивачи им е одредена мерка притвор до 30 дена, а шестиот се наоѓа во болница со тешки телесни повреди, но неговиот живот не е загрозен.
На хрватските навивачи кои имале точни задачи да иницираат голем инцидент на „вечното“ дерби им се заканува затвор до 12 години, поради насилничко однесување на спортски натпревари во странска држава.
Масовната тепачка се случи во првото полувреме, а хрватските навивачи поминаа многу лошо и со придружба од полицијата голи го напуштија стадионот.
OhridNews