Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, Робињо треба да одлежи деветгодишна затворска казна, откако судот во Италија го прогласи за виновен.

Робињо пред законот во италијанскиот суд беше изваден за силување на албанка во 2013 година во ноќен клуб во Милано заедно со неговите четворица пријатели.

Бразилецот после добивањето на пресудата најави жалба и се огласи дека не е виновен и оти правдата ќе се бори да ја истера до крај.

Робињо игра уште активно фудбал во Атлетико Минеиро, но далеку е од тоа што се очекуваше кога сензационално се пресели во Реал Мадрид, а потоа и во Манчестер Сити и Милан.

OhridNews