Научници од универзитетот Џон Хопкинс од Балтимор потврдија дека утринското кафе е навистина потребно, бидејќи ако не се испие, можат да се почувствуваат симптоми на апстиненциска криза.

Тимот од амерички стручњаци укажува дека само една шоља кафе на ден предизвикува зависност од кофеин, најраспространет стимуланс кој е ефтин и достапен. Поради тоа лугето лесно ја одржуваат потребната количина.

Роланд Грифитс, професор по психологија, кој го водеше истражувањето, укажа дека лугето кои не ке ја добијат својата дневна доза можат да патат од низа симптоми на апстиненциска криза. Од главоболки до слабост, потешкотии во концентрацијата, може дури да се чувствуваат како да имаат грип, со мачнина и болки во мускулите.