
Неофицијално, Завод и Музеј има бројни забелешки на понуденото урбанистичко решение и постапката во која тоа се носи, за што денеска јавно ќе проговори директорката на националната установа, Тања Паскали – Бунташеска.
Овој Нацрт-ДУП, е со површина од 42,70 хектари, и ги опфаќа улиците: „Илинденска“ , „Кирил и Методиј“, „Абас Емин“, „Туристичка“, „Пирин Планина“, дел од „ Васил Стефоски“, реката „Грашница“ и Охридски Езеро.
Јавната расправа по Нацрт-ДУП за I УЕ, која е во тек, завршува на 20. март.












