Нацрт ДУП за дел од УЗ 1 дел од УБ 1.1 опфат Табана 2010 – 2015 и Нацрт ДУП  за дел од УЗ 2 дел од УБ 2.1 опфат Ривиера – 2010 – 2015 кои треба да се најдат на дневен ред на наредната седница на Советот, закажана за идната недела, не го имаат добиено потребното стручно мислење од Управата за заштита на културното наследство, потради што истите не може да се разгледуваат, укажува охридскиот Завод и Музеј. Оттаму објаснуваат дека за еден нацрт план да биде ставен на разгледување во советот Управата треба да го разгледа планот и да  издаде позитивно мислење, поточно треба да провери дали нацртот на ДУП е изготвен согласно изработените Заштитно конзерваторски основи.

-За горенаведените два планови Управата за заштита на културно наследство има издадено негативно мислење заради тоа што плановите не беа изработени согласно Заштитно конзерваторските основи.Корегираните ДУП- ови се уште не се доставени до надлежната институција и за истите не е издадено позитивно мислење, информираат од Заводот и Музеј Охрид.

Од тие причини, а согласно Законот за заштита на културно наследство од 2005 година, Општина Охрид не смее да ги стави на дневен ред плановите за кои Управата за заштита на културното наследство нема издадено позитивно мислење, потенцираат од Заводот и Музеј.