Никола Бакрачески во наредниот период целосно ќе се посвети на функцијата градоначалник, откако и официјално повеќе не е директор на Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид. На негово место е назначена д-р. Изабела Афтоска Наумоска.

Бакрачески, вчера,  имаше емотивна разделба со вработените во Заводот за кардиологија, кои во негова чест организираа мала свеченост, на која му изразија благодарност за се што сторил за развојот на оваа ценета здравствена организација.


На приемот, вработените во Заводот за кардиологија на градоначалникот Бакрачески му подарија икона од светецот Св.Никола, посакувајќи му успеси на новата функција.


Пријатно изненаден од гестот, Бакрачески изрази голема благодарност и задоволство од работата и соработката со сите вработени во заводот. Воедно тој на новиот директор на Заводот за кардиоваскуларни заболувања -Охрид, д-р. Изабела Афтоска Наумоска и посака многу успеси во извршување на функцијата.

OhridNews