Заводот за кардиологија ја бара поранешната детска болница
13.06.11 00:08
Специјалната болница за лекување, рехабилитација и превенција на кардиоваскуларни заболувања од Охрид која во изминативе неколку години бележи голем развој и пораст на обемот на работа, се соочува со недостиг од простор за сместување на пациентите. Раководството на болницата за проблемот го информирало ресорното министерство и Владата од кои било побарано да и го отстапат објектот на поранешната детска болница, која се наоѓа во непосредна близина на кардиолошкиот завод.
-Успеавме да ги убедиме институциите дека просторот со кој сега располагаме е недоволен во однос на развојот на нашата установа. Информацијата за проширување на просторот помина на седница на Влада неодамна, сега треба да уследи изработување на физибилити студија, а едно од нашите предлог решенија е поранешната детска болница. Се надевам дека ќе успееме во текот на наредните месеци да го добиеме овој простор за потребите на нашиот Завод и се разбира со реконструкција и осовременување таму полека би се префрлил делот предвиден за инвазивна кардиологија, дијагностичко поликлиничкиот центар, болничкиот и одделот интензивна нега, додека сегашниот објект, секако реновиран понатаму ќе се користи за изведување на кардиоваскуларна рехабилитација, изјави д-р Никола Бакрачески, директор на Заводот за кардиологија во Охрид, во емисијата „Охридски разговори“ што ексклузивно се емитува на OhridNews.
Годишно во кардиолошкиот завод во Охрид се вршат околу 15.000 амбулантни прегледи, преку 30.000 дијагностички процедури и се обавуваат од 1500 до 1700 интервенции, од што околу 350 се животозагрозувачки. Болничкиот престој во установата од 19 дена во 2005 година со воведување на нови методи на лекување е скратен на 9 дена, но тоа според д-р Бакрачески не го решава проблмот, затоа што бројот на пациенти постојано расте.
Специјалната детска болница во Охрид по 4 децении работа беше затворена во 2007 година поради нерентабилно работење. Вработените беа преземени од другите здравствени организации во регионот, а дејноста од детскиот оддел при специјалната болница „Св. Еразмо“. На атрактивниот простор на поранешната детска болница кој се протега на површина од над 10000 метри квадратни беше најавено дека ќе се гради луксузен хотел или пензионерски дом, но од тоа нема ништо. Објектот каде некогаш се лекуваа деца од сите краеви на поранешна Југославија е оставен на забот на времето и стои неискористен. Од Кардиолошкиот завод се надеваат дека државата многу скоро позитивно ќе одговори на барањето за отстапување на поранешната детска болница со што ќе се реши проблемот со недостиг на простор и ќе се обезбеди децениски развој на оваа здравствена установа, која е од исклучителна важност за поширокиот регион.
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од К...
Во првите 8 месеци од годината, од јануари до август, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св Апостол Павле Охрид опслужи...
На 16092025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга и на 17092025 околу 11:00 часот лишија од слобода 34-годишно лице од струшкото село Велешт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.