завршниот настан на проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област – CONSE PP“ ќе се одржи на 11 јули со почеток во 10 часот, во просториите на Општина Дебрца.

Учесници на финалниот настан ќе бидат и претставници на останатите партнери во проектот, односно од Грција претставници на Институтот за одгледување на растенија и генетски ресурси (ПП1), Општина Терми (ПП2), и од Северна Македонија претставници од Општина Дебрца (ПП3), Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменската област – ЈАСЕН, како и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг Ханс Ем, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, информираат од Општина Дебрца.

OhridNews