Шестмесечната работа на проектот „Младинско Еко Лето“, за подигнување на свеста кај граѓаните за значењето и заштита на животната средина, се заокружи со заедничка дружба со соработниците, помагателите и сите оние кои имаа било каков придонес во Младинско Еко Лето.

Вечерта беше отворена со говор на раководителот на проектот кој посочи дека вакви мали иницијативи се она што му е потребно на градот Охрид за да се постигнат големи резултати. Следуваше презентација на соработниците во поглед на нивното искуство во текот на проектот. Потоа беа презентирани сите реализирани активности како и финалните резултати и продукти. На крај присутните своите мислења, предлози и дискусии ги споделија на коктел забавата во одлична атмосфера.

Присуствуваа претставници на Културолошка иницијатива 5 до 12, Еко Фап, Чист Охрид, Хидробиолошки Институт- Охрид, ОУ. Ванчо Николески- Лескоец, ОУ. Дебрца- Дебрца, Центар за одржлив развој на заедницата- Дебар, видни експерти од областа на животната средина и младите од охридскиот регион.

На настанот беа запазени сите здравствени препораки за заштита од COVID- 19 и актуелните мерки за организирање на настани во затворен простор.

OhridNews