Завршен настан од проектот SEEDS имплементиран од Општина Охрид и НП „Галичица“
15.04.24 14:52
Вклучување на учениците во еколошко освестување и насочување, а со цел заштита и реставрација на клучните видови растенија како и негување на траен однос помеѓу заедницата и нејзината околина е главната цел на проектот SEEDS (семиња) кој го имплементираше тимот WISESTRIDE од Општина Охрид под менторство на м-р Ива Николоска и во соработка со НП „Галичица“.
На завршната работилница од проектот која се одржа денеска во Националниот парк „Галичица“ во името на Локалната самоуправа присуствуваше советничката од Советот на Општина Охрид, Ана Крстеска.
На работилницата беа презентирани проектните активности и едукативната патека (мини арбуретум) каде што се насадени дваесетина автохтони растенија (билки) кои се типични за планината Галичица. На настанот учествуваа ученици од ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Св. Климент Охридски“ и ученици од охридската гимназија, како и волонтерите пензионери од Црвен крст, Охрид.
Проектот SEEDS (семиња) е реалзиран преку учество на Општина Охрид во комисионата едукативна програма при Универзитетот Лунд (LUCE) од Шведска (CIPSS 2023-2024), во соработка со Раул Веленберг Институтот од Шведска и Тимот WISESTRIDE од Охрид.
Проектот CIPSS 2024 ја има завршната Конференција овој петок кога тимот од Општина Охрид заедно со тимовите од Турција и Индонезија ќе имаат презентација на успешно имплементираниот проект.
На 25092026 во 20:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Подмоље – Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 2008“ со струмички регистарски ознак...
Министерoт за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и Владимир Буревски во име на компанијата Moдирум Платформс од Скопје пот...
Утре за празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден во храмот „Св вмч Георгиј“ во Охрид со почеток во 08:45 часот ќе биде отслужена света архиерејска литургија на која ќе чинонач...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.