Од денес до недела во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одигра 20-то завршен турнир во ракометниот Куп на Македонија, во машка конкуренција.

Големите ривали Вардар и Металург (бранител на трофејот), во полуфиналните дуели се фаворити против опонентите Пелистер односно Куманово и според прогнозите тие ќе решаваат за титулата.

Во пресрет на почетокот на турнирот, атмосферата дополнително ја подгреја трансферот на капитенот на Вардар Тихомир Додер во Металург, како и инцидентот кои се случил во средата навечер, кога тренерот на Вардар Веселин Вујовиќ се обидел физички да се пресмета со асистентот на Лино Червар, Александар Петровски. Потоа стратегот на „црвено-црните“ му упатил закани и навреди и на кормиларот на „металурзите“ Лино Червар.

Програмата на завршниот турнир ќе ја отворат Вардар и Пелистер, дуелот ќе започне во 17:45 часот, во вториот дуел од 20:10 часот ќе играат Куманово и Металург.

Победниците во полуфиналните пресметки за пехарот ќе се борат во недела, финалето ќе започне во 17 часот.

“макфакс“
Ohridnews