Улицата „Крум Точко“ е целосно реконструирана и подготвена за употреба, информираат од локалната самоуправа.

Извршено е поставување на водоводна мрежа во должина од 319 метри, атмосферска канализација во должина од 230 метри, по што следуваше и  асфалтирање на улицата во должина од 1940 метри квадратни.

Со реконструкцијата на улицата „Крум Точко“ завршува годинешниот план, предвиден од Секторот за комунален развој и сообраќај. Од локалната самоуправа најавуваат дека од наредната година ќе се изврши асфалтирање на голем број улици во градот и околните населени места, со динамика предвидена во програмите и плановите на општина Охрид за 2014 година.

OhridNews