Третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина заврши вечерва во регионот Брест, во Белорусија, соопшти руската Амбасада во Минск.
Заврши третиот круг руско-украински преговори во Белорусија, соопшти амбасадата на својот канал Телеграм.

Заврши третата рунда преговори. Има мали позитивни поместувања за подобрувањето на логистиката на хуманитарните коридори… Продолжија интензивните консултации за основниот политички блок на регулативи, заедно со прекинот на огнот и безбедносните гаранции, пренесе Подољак.
Разговорите траеја речиси три часа.
OhridNews












