Со традиционалниот поетски хепенинг денеска во Вевчани заврши меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби 2023“, што по 11. пат ја организира културниот центар „Бран“ од Струга.
Манифестацијата почна синоќа со промоција на трите тома од книгата „Мојата Струга“ на Наум Бајо, а врачени беа и традиционалните награди „Животно дело“ на новинарот, публицист, поет и раскажувач Мишо Китаноски, за автор на годината на Дарко Лешоски и млад автор на годината на Емилија Карафилоска. Награда за „Посебни книжевни достигнувања на автор од странство“ ја доби црногорскиот книжевник, Лабуд Н. Лончар.
Според масовноста во присуството и реализираните содржини, се покажа, уште еднаш, дека жителите на Струга, а со нив и потомците, имаат слух за поетското создавање, соодветно на славата на легендарните претци – браќата Константин и Димитар Миладинови, соопшти организаторот.
Во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, настапија бројни автори од Северна Македонија, Србија и Црна Гора.
Владата на вчерашната редовна седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на изградбата на затворениот базен во Охрид, капитален спортски проект чија реализациј...
Цените на угостителските услуги во септември годинава во однос на истиот месец лани се зголемени 3,8 %, соопшти Државниот завод за статистика По групи, во септември 2026 година во однос на август 2...
Светата православна црква денеска го одбележува споменот на Светата првомаченичка Текла рамноапостолна Житие за Светата првомаченичка Текла рамноапостолна Родена е во Иконија, од родители прочуени,...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.