Заврши акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“. Утрово се поделени и преостанатите количини од предвидените 400 жардиниери со саксиско цвеќе.
Годинава со акцијата беа опфатени жителите од улиците Кеј „Македонија“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Кузман Капидан“, „Христо Узунов“, „Климентов Универзитет“, „Нада Филева“, „Боро Шајн“, „Григор Прличев“, „Кочо Рацин“, „Св. Кирил и Методи“, „Браќа Миладиновци“, „Цар Самоил“, „Методи Патче“, „Петар Чауле“, „Аргир Маринчев“, „11-ти октомври“, „Димче Маленко“, „Бранко Шотра“и „Охридска архиепископија“.
Акцијата Општина Охрид традиционално ја организира секоја година по повод Светскиот ден на животната средина, 5 Јуни.
OhridNews