Кратко само два месеци траеше авантурата на екс селекторот на Македонија, Љубинко Друловиќ на клупата од белградски Партизан.


Клубот со официјално соопштение на интернет страницата му се заблагодари на Друловиќ кој ја напушти селекторската функција на Македонија да го преземе Партизан.

Тој не само што не успеа да го извади Партизан од резултатската криза туку ја прокоцка шансата за што подолг престој во Европа по поразот од Аугзбуг 3-1 во решавачкиот меч во Лигата на Европа.

Тренерската позиција на Партизан ќе ја заземе Иван Томиќ кој е поранешен играч, капитен и директорот на клубот.

Ohridnews