Денешното рочиште од судскиот процес за потонувањето на бродот Илинден, продолжи со дополнителен распит на обвинетиот Сотир Филески, а беа изнесени и дополнителни писмени докази. Со тоа заврши  доказната постапка за најголемата бродска несреќа.

Завршните зборови се закажани за 30-ти овој месец, по што ќе следи пресуда.

Бродот „Илинден“ потона на 5-ти септември 2009 година во водите на Охридското Езеро на околу 200 метри од брегот, кај авто кампот Елешец. Загинаа 15 туристи од Бугарија.

OhridNews