Синоќа на амфитеатарот во центарот на Вевчани беше спуштена завесата на 11-тиот по ред фестивал на народна култура „Пображење“ Вевчани. 
На свеченото затворање со своја изворна традиционална музика се претставија членовите на македонскиот изворен народен оркестар ,,Осоговски извор” од Оризари, Кочани и членовите на пејачката група при КУД,,Соко” од Инџија Р.Србија. Покрај вокалната и инструментална народна култура беше претставено делото ,,Ангел чувар на Вевчани” од ликовниот уметник проф.д-др Јане Бакревски кој учествуваше во програмската содржина „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници“. Синоќа беше доделена плакетата „Чувари на традицијата“ на изворниот оркестар „Осоговски извор“ .

Имавме прекрасно затворање на фестивалот, вечерта беше полна со радост и емоции предизвикани најпрво од големиот празник Преображение Христово, нашата слава, а потоа од песните и ората на нашите гости од Македонија и Србија како и од ликовното дело ,,Ангелот чувар на Вевчани”. Имавме одличен фестивал оваа година, многу сме задоволни и се надеваме на уште поуспешни изданија во иднина” – изјави Јасмина Бебекоска, програмски координатор на фестивалот.

КУД ,,Дримкол” од Вевчани преку реализацијата на овој фестивал ja пренесе пораката за нивната улога во зачувување, негување, развој и афирмација на народната култура во нашата земја и пошироко.

 

ОhridNews