Со прекрасен концер на Ансамбл „Македонија“, синоќа се спушти завесата на 13-тиот по ред фолклорен фестивал „Пображење“ Вевчани 2023.

Во рамки на синоќешната програма беше доделена и единствената награда на фестивалот – плакетата „Чувари на изворната традиција“ која годинава им припадна на членовите на ЗФГ „Копачка“ од с.Драмче, Делчево, за најуспешна презентација на традиционален изворен фолклор на фестивалот.

На фестивалот оваа година народната култура на својата земја ја презентираа 10 културно уметнички друштва од Македонија и странство, а преку ликовните дела на млади сликари од ликовното студио „Св.Кирил и Методиј“ од Битола народната култура беше насликана и преку изложба презентирана пред многубројната публика во Вевчани.

Во рамки на програмара оваа година се реализира и Ревија на народни носии од авторот Филип Јаковлески.

Фестивалот оваа година помина во најдобар ред, многу сме задоволни од квалитетот на програмата што ја презентираа сите ансамбли учесници, а особено сме задоволни од посетеноста за сите четири фестивалски вечери од страна на многубројната публика. Вевчани изминативе денови живееше во духот на традицијата, во ритам на национални и интернационални фолклорни песни и ора и во празничен амбиент на нашата слава Свето Преображение Христово – изјавија од КУД „Дримкол“ – Вевчани, организатори на фестивалот.

OhridNews