Заврши изградбата на детското игралиште во Пештани. Со тоа се комплетира изгледот на градската плажа, информира на Фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.

Работите за изградба на детското игралиште започнаа пред десетина дена, а средства беа обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Птреходно беа отстранети кајчињата од плажата и започнаа активностите за уредување на просторот со цел жителите и туристите да добијат уредена плажа.

OhridNews