На актерката Линдзи Лохан и завршил куќниот притвор во траење од 35 дена поради обид за кражба на огрлица вредна 2500 долари, јавиле американските медиуми. Електронската нараквица била отстранета од нејзината нога вчера, и сега актерката слободно може да ја напушти својата куќа кога сака.
Таа сеуште се наоѓа под присмотра и мора да ја заврши општокорисната работа од 480 часа, како и да продолжи да оди на советување кај психолог. Таа со години има проблеми со алкохолот и дрогата, а неодамна во едно интевју изјавила дека сака конечно да порасне и да се врати на својата работа. Најнов нејзин проект е филм за мафијашкиот шеф Џон Готи во кој ќе глуми заедно со Џон Траволта.