Во Охрид заврши Летната школа „Направи разлика-стани иновативен ЕУ лидер 2011“ која започна на 25- ти јули. На неа учествуваа млади лидери од четири земји.

Во првиот дел од програмата, студентите имаа можност да се запознаат со Агендата 2020 на Европската Унија – патот до иновативна Европа, иновативните лидерски стилови и процесот на создавање иновации. Студентите го посетија и Националниот парк Галичица каде се запознаа со карактеристиките и начинот на кој функционира паркот. Вториот дел од школата, беше посветен на креирање иновативни решенија за развој на алтернативен туризам во „Националниот парк Галичица“, при што во подготовката на своите проектни решенија студентите беа потпомогнати од искустватата на реномирани иноватори од Македонија.

Меѓународната летна школа е разултат на соработката меѓу Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и АИЕСЕК Локален Комитет – Скопје.

OhridNews