Денеска попладне заврши големата меѓународна вежба „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“ во организација на НАТО ЕАДРЦЦ – Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центар за управување со кризи (ЦУК) од областа на кризниот менаџмент.

Вклученоста во НАТО вежбата беше одлична можност за поддршка на националните власти и градење на капацитетите преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, штооди во прилог на зајакнување на националните капацитети за одговор при итни ситуации, велат од ЦУК.

Во склоп на вежбата беше организиран научен ВИП симпозиум во траење од два дена, каде што се одвиваше дискусија помеѓу високи претставници од НАТО, членките на НАТО, државите – партнери, меѓународните организации и НВО. Сценариото за вежбата беше базирано на урбани операции за: пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и кампањи за лажни вести што ќе влијаат на цивилното население и критичната инфраструктура во областа околу градовите Охрид и Струга.

Оваа вежбовна активност беше од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји (вкупно 28) и 17 невладини организации од истите земји, додаваат од ЦУК.

На затворањето на церемонијата од страна на организаторите на сите учесници во вежбата им беа врачени сертификати.

OhridNews