Религиските заедници се обврза дека ќе се залагаат за подобрување на образованието, социјалните и економските можности за идните генерации, како и дека ќе ги охриабруваат меѓукултурните настани со цел да се промовира толеранцијата. Исто така се поздравуваат напорите на македонската влада и граѓаните за успешниот модел на соживот и се истакнува важноста од меѓуцивилизациски и меѓурелигиски диојалог за промовирање на основните човекови права. Во деклрацијата се поддржува јавното покажување верски симболи и одбележување прзници и се повикуваат сите влади да го зголемат учеството на жените во одлучувачките процеси. Се потенцира и потребата од постоење слободни и плуралистички медиуми кои ќе ја промовираат религиската толеранција. Исто така се укажува и на потребата од формирање Управен совет за религиите под патронат на ООН.
Декларацијата за унапредување на религијата и културата како придонес кон мирот, меѓусебната почит и соживотот – Охрид 2010 ќе биде дадена на Генералното собрание на ООН, УНЕСКО, ЕУ, Советот на Европа, ОБСЕ, Африканската унија, Асоцијацијата на држави на Азија и на други организации.
Во завршното обраќање минисерката за култура Елизабета Канческа Милеска, изрази задоволство од успешноста на Конференцијата за што потврда е учеството на над 300 верски мисионери од триесетина држави.
– Цврсто сум уверена дека можностите создадени и етаблирани на оваа конференција ќе трасираат многу патишта кон успехот. Владата на Р. Македонија со своето континуирано покровителство на заложбите за мир и дијалог меѓу религиите и цивилизациите на дело ја потврдува глобалноста на идиомот делувај локално. Резултатите се веќе тука и се чувствуваат дури и во периодот кога светската рецесија се потруди да ја намали моќта на дијалогот, се разбира… безуспешно бидејќи низ дијалогот многу побрзо и посеопфатно се согледуват сите ракурси на проблемите, а колку побрзо стануваме свесни за нештата, толку побрзо можеме да ја превземеме контролата над нив, истакна министерката Канческа Милевска.
На маргините на Конференцијата беше избран новиот состав на Меѓународниот комитет кој ќе работи на организација на Третата конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, што ќе се одржи во Охрид во 2013 година.