Српскиот тандем Гавриловиќ –  Видиќ се победници на петтото изадание во професионалната кокуренција на турнирот во одбојка на песок во Охрид. Тие во финалето беа подобри од косовската двојка Хусај и Катази со 2-1.


Женскиот дел од турнирот трета година по ред со освоија Камиловска и Ѓорѓиевска во „Мак-џинс“,  кои во рамноправното финале со 2-1 ги совладаа Јашари и Азени од косовски „Касиати“.


Еднонеделните натппреварувања на кои продефилираа преку стотина натпреварувачи во сите категории поминаа во беспрекорна организација на Beachvolleyball Macedonia кој овие турнири ги организира со помош на Одбојкарската Федерација на Македонија.

М.П.