Првата фаза од проектот за конзервација на јужниот бедем на сцената Долни сарај, која започна во јуни е завршена , информираат од министерството за култура.Извршена е реконструкција на оштените делови од јужниот бедем, а обновени се и дотраените дрвени појаси.
Во рамките на втората фаза од проектот во 2014 година ќе се изврши целосна санација на скалите и фугирање на внатрешниот скалишен простор кој ја поврзува сцената Долни сарај со езерскиот брег. Истовремено ќе се изврши илуминација на скалите и ќе се направи мост кој ќе го поврзе брегот со времената пешачка патека кон населбата Канео.
Инаку овој историски локалитет за време на Отоманската империја претставувал летен сарај на султанот, додека бедемите околу него датираат од постар период.
OhridNews