Означено финализирањето на првата фаза од проектот “Безбедни училишта“ во Охрид.

Како што беше истакнато на завршниот состанок, во оваа фаза формирани се координативни тела и школски тимови чија задача е испитување на учениците, родителите, вработените и опкужувањето на училиштата за проблемите поврзани со безбедноста. Проектот е предвидено да продолжи во текот на второто полугодие од учебната година.

Проектот е во организација на Мисијата на ОБСЕ, Општина Охрид, Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука, а се спроведува во тритре средни училишта ОСУ “Св. Климент Охридски“, ОУТУ “Ванчо Питошески“ и ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“ како и во основното училиште “Григор Прличев“.

OhridNews